Цената на нафтата скокна на 106 долари

Најавите за координирана продажба на нафта од резервите поради руската инвазија на Украина и најавените санкции против Москва, не ја ублажија цената на нафтата на светските берзи туку напротив, цената на нафтата се зголеми на 106 долари по барел.

Големите нафтени и гасни компании, вклучително БП и Шел, најавија повлекување од операциите и заедничките вложувања во Русија, додека францускиот Тотал соопшти дека нема планови за дополнителни инвестиции.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и група независни производители, вклучително и Русија, ќе се состанат во среда за да разговараат за производната политика.

„ОПЕК најверојатно ќе го потврди првичниот план за зголемување на производството за 400.000 барели дневно во текот на месецот, што нема да ја смири загриженоста“, рече Варга.

Трговците на мало се загрижени дека понудата нема да биде во чекор со побарувачката. Азиските фабрики продолжија да произведуваат со полна пареа во февруари, закрепнувајќи се од кризата со корона, што подразбира поголема побарувачка за нафта, според Ројтерс.

ОПЕК одделно извести дека барел нафта на нејзините членки во понеделникот чинел 99,22 долари, што е за 2,55 долари повеќе од претходниот трговски ден.

извор: denar.mk

spot_img

Последни вести