Борец со петарда си замина од Струмица

Велешкиот фудбалски клуб Борец денес беше убедливо поразен во Струмица, од Академија Пандев со 5:0. Натпреварот е од одложеното 22 коло, кое требаше да биде одиграно викендот, на спортскиот центар „Пандев“.

Ова е 3-ти пораз по ред за велешани, откако претходните кола изгубија на домашен терен од Струга и Шкендија.

Борец веќе на полувреме губеше убедливо со 3:0, а стрелци на головите за струмичани беа Манев, Оусман и Ѓеоргиев. Лошата игра на играчите на Борец продолжи и во второто полувреме при што конечниот резултат беше 5:0 за Академија Пандев.

Последните два гола за тимот од Струмица ги постигнаа Хаџановиќ и Велиновски.

Со овој пораз, Борец останува претпоследен на табелата во Првата македонска фудбалска лига со освоени 13 бода.

spot_img

Последни вести