Железничкиот сообраќај во државава и натаму е во прекин. Машинскиот и извршниот персонал во Железници на РСМ Транспорд АД Скопје продолжуваат со бојкотот се до исполнување на барањата за исплата на материјалните трошоци, како и на првиот дел од платата за февруари.
Патничките и товарните возови не сообраќаат од вчера попладне откако машинскиот и извршниот персонал повтортно го активираа бојкотот од минатата недела.