Екипата на Борец во 22.коло од Првата фудбалска лига ќе биде гостин на Академија Пандев. Натпреварот ќе се одигра во недела, со почеток во 14 часот на Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица
Главен судија на натпреварот ќе биде Александар Грујоски од Кичево, а ќе му помагаат Лика Куштрим и Јанкуловски Зоран од Кичево. Четврти судија е Смоквоски Кирил од Прилеп.
За делегат на натпреварот е одреден Аети Раман од Скопје), а контролор на судењето ќе биде Кировски Марјан од Скопје.