Вашата врска влегува во сериозна фаза кога ќе почнете да се прашувате дали вашиот партнер е всушност вашата сродна душа.
Тешко е да се даде одговор на ова прашање, но доколку одговорите потврдно на следните две реченици, веројатно сте го нашле вистинскиот.
Доколку од моментот кога сте се запознале веднаш сте почувствувале поврзаност и како со него сè да ви одело едноставно, тогаш сте на добар пат. Личноста која е како создадена за вас сигурно нема да ве тера да се менувате или да правите нешто што не сакате.
Компатибилноста мора да се почувствува веднаш и врската мора да ви пружи чувство на уживање и засолниште, а не нервози и грижи.
Вистински ве прави среќна
Доколку се чувствувате празно и тажно со партнерот, тогаш нешто не е како што треба. Вашата сродна душа би требало да внесе максимална количина на среќа и радост во вашиот живот, а не негативност и сивило.
Доколку ве растажува или ве разочарува секојдневно, бегајте уште истиот момент. Не за џабе се вели дека сродната душа е вашата друга половина, што значи дека треба да ве исполнува.
извор: kurir.mk