18 казнети пешаци на територијата на СВР Велес

Во текот на вчерашниот ден  во периодот од 14.00 до 18.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават пешаците во сообраќајот.

Во истата биле констатирани и санкционирани 18 прекршоци од кои 7 во Велес, 9 во Кавадарци и 2 во Неготино.

Од СВР Велес информираат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.

spot_img

Последни вести