Ќе се реконструираат пет железнички премини

Подобрувањето на инфраструктурата во Општината е неопходна, токму затоа на денешниот состанок на градоначалникот Марко Колев со претставници од Македонски железници и инфраструктура договорија отпочнување со реконструкција на 5 железнички патни премини.

Во април ќе се реконструираат премините на железничките пруги на Нов мост, Стар мост и Дворови, додека пак во јули се предвидени премините во Оризари и Речани, при што истите ќе се модернизираат со рециклирани гумени елементи.

Со ова значително ќе се подобри сообраќајот во овие делови и ќе се намали амортизацијата на автомобилите.

Поубав Велес е возможен, поубав Велес станува реалност! – напиша на својот фејзбук профил градоначалникот Марко Колев.

spot_img

Последни вести