(ФОТО) Подземна катна гаража во центарот на Велес со 100 паркинг места

Подземната катна гаража во централното градско подрачје е со вкупно 100 паркинг места. Ќе се наоѓа под новиот плоштад и ќе биде на 3 нивоа со вкупно површина од 1508 метри квадратни.

Објектот ќе биде дел од реконструирањето на централното градско подрачје, со нов плоштад и ново сообраќајно решение во центарот на градот.

Следствено на проектот за реконструкција на плоштадот во централно градско подрачје во Велес, следи подземна паркин гаража која се наоѓа под еден дел од предвидениот плоштад.

Ослободување на локацијата од високи елементи и од надземни паркинг простори, проектирана е подземна катна гаража со пристап на возилата од улицата Гоце Делчев. На дадената градежна парцела предвидено е едно интегрално тело со трапезоидна (неправилна) форма површина од 1508м2, објавија од Линеа.

Објектот се предвидува да се изведува под кота на теренот, во чијшто габарит по вертикала се распоредени три нивоа, сите под котата на теренот.

Во рамките на ниво на терен на последното ниво предвидено е плато, партерно уредено, поплочено со имплементирање ниско и високо зеленило интегрирано со урбана опрема- во корелација со реконструкција на плоштадот.

Бројот на обезбедени паркинг места е вкупно 100 возила, од кои три возила се за лица со посебни потреби и две се предвидени за електрични возила.

Соодветно на тоа внатрешниот сообраќај во објектот е предвиден со периметрално поставена рампа за влез и излез наменета за качување и симнување на возилата низ катовите.

Од Линеа објаснија дека скалишното јадро со лифтот, тоалетите, наплатниот пункт со просторијата за мониторирање се сместени во еден волумен кој постои на сите три нивоа и директно води до нивото на плоштадот.

spot_img

Последни вести