Повторно фатени дрвокрадци во село Степанци- Ќе запре ли дивата сеча во општина Чашка?

Не запира дивата сеча на дрва во општина Чашка. Повторно фатени дрвокрадци во атерот на селото Степанци.

Како и во претходните случаи во овој регион, дивата сеча ја прават дрвокрадци од општина Прилеп кои го користат стариот регионален пат Велес- Прилеп, кој што многу ретко се користи за возење.

Како што соопштувааат од министерството за внатрешни работи лишени од слобода се две лица, а кај нив се пронајдени 2.1 кубни метра дабови огревни дрва.

– На 04.04.2022 во село Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка ги лишиле од слобода Е.А.(41) и И.Џ.(23), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати при вршење на бесправна сеча на огревни дрва од туѓа шума. Кај нив биле пронајдени 2.1 кубни метри дабови огревни дрва кои им биле одземени. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 235 став 3 од Кривичниот законик.

Само за потсетување во септември 2020 година нападнати беа и полициски службеници од страна на дрвокрадците на ова исто место, село Степанци. Тогаш двајца полициски службеници беа потешко повредени и префрлени во болницата во Велес, а едниот од нив и во Клиниките во Скопје.

spot_img

Последни вести