Велес добива затворен пазар- се решава најголемиот проблем за изградбата на Градскиот пазар

Јавното комунално претпријатие Дервен заврши со дислокација на канализационата мрежа која поминуваше под долниот дел од Градскиот пазар.

Канализационата мрежа од ООУ Панко Брашнаров минуваше точно под местото на долниот дел од пазарот, поради што неопходна беше дислокација со цел продолжување на изградбата на Првата фаза од градскиот пазар.

За овој проблем говореше и градоначалникот Марко Колев при увидот на градежните активности на пазарот пред неколку недели, дека мора да се изврши дислокација на оваа мрежа за заштита од понатамошно оштетување на пазарот при санирање на дефекти.

Затворениот градски пазар, при неговата изградба е поделен на два дела. Првата фаза или долниот дел од пазарот е во почетна фаза на градба, додека пак Втората фаза или горниот дел од пазарот е веќе готов и добиено е позитивно мислење од ИЗИС. Претходно беа набавени и монтирани новите тезги за горниот дел од пазарот.

Во наредниот период со завршување на сите подготвителни активности горниот дел од пазарот ќе биде официјално пуштен во употреба и ќе започне изградбата на долниот, затворен дел од пазарот.

spot_img

Последни вести